Последно ажурирано: 05.09.2026
Политика на приватност
Pure Movement е студио за Reformer Pilates во Куманово. Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собираме преку нашата веб-страница и системот за резервации, зошто ги собираме, и како ги штитиме.
1. Кои податоци ги собираме
Кога креирате профил или поднесувате барање за термин или членарина, собираме: име и презиме, телефонски број, email адреса, и историја на вашите резервации и членарини (кои пакети сте ги имале, кои термини сте ги резервирале или откажале).
Не собираме и не бараме никакви финансиски податоци преку веб-страницата - плаќањето за членарините се врши директно во студиото.
2. Како ги користиме податоците
Вашите податоци ги користиме исклучиво за да: ги обработиме Вашите барања за членарини и резервации, да Ве известиме преку email за нивниот статус (потврда, одобрување, откажување), и да Ве контактираме во врска со Вашиот профил или резервација, доколку е потребно.
Никогаш не ги продаваме и не ги споделуваме Вашите податоци со други лица за маркетинг цели.
3. Google Calendar
За внатрешно планирање, администраторот на студиото користи Google Calendar за да ги следи закажаните термини. Оваа интеграција е достапна и се користи исклучиво од администраторот - клиентите немаат, и не им е потребен, пристап до Google Calendar интеграцијата преку оваа платформа.
Синхронизацијата е еднонасочна - од нашиот систем кон календарот на администраторот - и никогаш не чита, ниту пристапува до личниот Google календар на клиентите.
Информациите добиени преку Google Calendar API (пристапни токени и податоци за термините запишани во календарот) никогаш не се продаваат, споделуваат, пренесуваат или откриваат на трети лица - се користат исклучиво за прикажување на закажаните термини во календарот на администраторот на студиото, ништо повеќе.
Pure Movement's use and transfer to any other app of information received from Google APIs will adhere to the Google API Services User Data Policy, including the Limited Use requirements.
4. Email известувања
Користиме услуга на страна за испраќање на email пораки - потврди за резервации и известувања за статусот на членарината. Овие пораки се испраќаат исклучиво во врска со Вашата активност на платформата, никогаш за маркетинг цели.
5. Чување и безбедност на податоците
Вашите податоци се чуваат безбедно преку софистицирана инфраструктура со индустриски стандарди за безбедност и контрола на пристап. Пристапот до личните податоци е ограничен исклучиво на администраторот на студиото.
6. Задржување на податоците
Ги задржуваме Вашите податоци додека имате активен профил на платформата. Доколку сакате профилот и податоците да бидат избришани, контактирајте нè на некој од броевите подолу.
7. Вашите права
Имате право да побарате увид, корекција или бришење на Вашите лични податоци во секое време - контактирајте нè директно за таа цел.
8. Колачиња
Веб-страницата користи исклучиво технички неопходни колачиња за најавување и одржување на сесијата. Не користиме колачиња за реклами, следење или аналитика на трети страни.
9. Промени на политиката
Оваа политика може да се ажурира повремено. Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница со ажуриран датум погоре.